Search

Нетанјаху сака коалиција со главниот ривал

Израелскиот премиер и лидер на Ликуд, Бенбјамин Нетанјаху, го повика главниот ривал, Бени Ганца да формираат коалиција. Нетанјаху изјави дека по изборите, што се одржаа пред два дена, јасно е дека не е можно да се формира десна Влада, поради што го повика лидерот на Сино-белата алијанса, Бени Ганц да формираат коалиција.

Како што пренесе Ројтерс, Нетанјаху најавил дека во тој случај ќе постои ротирачка премиерска позиција.

Претседателот на Израел, Реувен Ривлин го поздрави повикот на Нетанјаху.

„Ви честитам на овој повик. Тој е важен“ рекол Ривлин во обраќањето, на кое присуствувале Нетанјаху и Ганц. Според информациите, Ганц денеска ќе му одговори на Нетанјаху.

Треба да знаете
Последни објави