Search

Нетанјаху отвора свој телевизиски канал

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху отвора сопствен ТВ канал на Фејсбук, со цел да ги дистанцира главните медиуми и да обезбеди реално известување пред претстојните предвремени избори.

„Ликуд ТВ” ќе емитува вести секоја вечер во 19 часот по локално време до гласањето на 9 април под парола „Го исфрламе лажното од вестите”.

Тоа се толкува како настојување на Нетанјаху да ги заобиколи традиционалните медиуми за кои смета дека се вклучени во координирани напади против него.

Секој што го фалат медиумите е лош за Ликуд и обично секој што го распнуваат е добар за Ликуд, изјави Нетанјаху во своето прво појавување на каналот, говорејќи за својата конзервативна партија.

Отворањето на каналот е координирано со објавувањето на видеото на Нетанјаху за кампањата минатиот викенд.

Израелските коментатори веднаш ја истакнаа сличноста меѓу кампањата на Нетанјаху и таа на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Џерусалем пост” објави дека „Ликуд ТВ” „се чини дека го следи моделот (на Трамп) Рил њуз апдејт (Real News Update)” чија цел е да ја поддржи кампањата за реизбор на Трамп пред гласањето во 2020 година.

Таквиот потег, меѓу другото, е прокоментиран како главна стратегија на кампањата на Нетанјаху и засега е единствена, медиумите да се претстават како непријатели. 

Треба да знаете
Последни објави