Search

Нетанјаху на консултации со војската, уапсени студенти

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по враќањето од Вашингтон закажа итни воени консултации, а по ракетниот напад од Газа и одговор на израелските сили на овие напади.

Агенцијата АП објави дека ситуацијата во земјата е напнатата, дека портпаролката на Универзитетот „Бир Зејт” Лубна Абделхади изјавила дека вооружени командоси облечени во цивилна облека влегле во кампусот и на спиење фатиле студенти за кои веруваат дека се активисти на исламистичкото движење Хамас.

Како што објавија, студентите се сокриле во кампусот обидувајќи се да избегнат апсење.

Во 2017 година, израелските сили го претресоа Универзитетот и го запленија материјалот на политичките групи.

Агенцијата соопшти дека Нетанјаху е пред тешка задача, бидејќи се ближат изборите во Израел и не му се исплати долготрајна борба со Хамас.

Училиштата во јужниот дел на Израел беа затворени поради насилството што изби само две недели пред изборите во Израел.

Вчера беше изведен ракетен напад од Појасот Газа во кој беше погодена куќа во Мишмерет, во северниот дел на градот Кфар Саба, притоа беа повредени седум лица, вклучувајќи и едно бебе, две деца и две жени.

Израелската армија го обвини палестинското исламистичко движење Хамас и започна распоредување на војниците на границата со Газа, како и напади врз цели на Хамас низ Појасот Газа.

Треба да знаете
Последни објави