Search

Нетанјаху нареди да продолжат нападите врз Појасот Газа

 – Израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху и издаде наредба на војската да продолжи со воздушните напади врз Појасот Газа.

Од друга страна, израелската војска соопшти дека цел на  израелски воен авион била групата  Палестинско исламистичко џихадско движење на северот на Појасот Газа.

Поради зголемените тензии во Израел, прекината е наставата во училиштата што се наоѓаат во близина на границата со Појасот Газа, што е под блокада, а блокирани се и одредени железнички линии.

Во претходните израелски воздушни напади врз главниот град на Сирија, Дамаск загинаа околу шест лица.

Во соопштението на вооружената група Палестинско исламско џихадистичко движење се наведува дека двајца припадници на групата загинале за време на „ционистичкото бомбардирање на Дамаск” и дека нападот е рефлексија на неможноста непријателите да се спротистават на нивните борци во окупираната Палестина.

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права (СОХР), што ја следи војната во Сирија, потврди дека се загинати четири лица од единицата која му е поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад и која има подршка од Иран.

Ден претходно Палестински исламски џихад, кој дејствува на окупираните палестински територии и во Сирија, испукал повеќе од 20 ракети од Газа.

Центарот соопшти дека нападите се случиле  во близина на меѓународниот аеродром во Дамаск.

Треба да знаете
Последни објави