Search

Нетанјаху: Можеби нападот врз Сирија го изврши авијацијата на Белгија

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека не знае ништо за синоќешниот напад врз Сирија, објавија израелските медиуми.

– Можеби нападот го изведе авијацијата на Беглија, посочи Нетанјаху.

Претходно, Сириската опсерваторија за човекови права објави дека вкупно четворица припадници на Иранската исламска револуционерна гарда и тројца сириски војници загинаа доцна синоќа во воздушните напади во близина на Дамаск, кои му се припишуваат на Израел, соопшти денеска.

Околу 15 минути пред полноќ по локално време, ракетите погодиле пет магацини со оружје во близина на меѓународниот аеродром Дамаск, а била нападната и воена позиција јужно од сирискиот главен град, објави Ал Арабија, повикувајќи се на неименувани извори.

Нападот се случи неколку часа по испораката, наводно на муниција, која пристигнала на аеродромот од Техеран.

И Сирија и Опсерваторијата со седиште во Велика Британија тврдат дека Израел стои зад нападите.

Израелската армија не коментираше ништо, во согласност со својата политика да не потврдува ниту да демантира операции во странство.

Треба да знаете
Последни објави