Search

Нетанјаху: Иран уби 176 лица и се обиде да сокрие од меѓународната заедница

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран убил 176 лица со тоа што урнал украински патнички авион над Техеран и се обидел да го сокрие од меѓународната заедница.

„Иран не само што ги угнетува сопствените луѓе и управува со тероризмот на Блискиот исток, тој исто така предизвика смрт на 176 лица и потоа тоа го сокри и излажа пред меѓународната заедница“, рече Нетанјаху.

Тој го изјави ова еден ден откако Иран призна дека случајно го урнал украинскиот патнички авион над Техеран. Според „Ерусалим Пост“, Нетанјаху им изразил сочувство на семејствата на жртвите во авионската несреќа.

Тој повтори дека Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје.„Му одавам признание на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување нови, многу строги санкции за иранскиот режим“, додаде израелскиот премиер.

Треба да знаете
Последни објави