Search

Нетанјаху во Русија: На Израел мора да му се дозволи слободно да дејствува против Иран

На Израел мора да му се дозволи слободно да дејствува против Иран, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на посетата на Сочи, каде се состана со рускиот претседател Владимир Путин.

Двајцата лидери разговараа за безбедносната координација во Сирија, за што во последните години имаат одржано повеќе од 10 состаноци.

„Безбедносната координација меѓу нас е секогаш важна, а особено сега, бидејќи обидите на Иран да пука врз Израел од Сирија и да ги распореди своите ракети да ги користи против нас се сериозно засилени во минатиот месец”, изјави синоќа Нетанјаху.

Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот ја истакнал важноста на безбедносната координација меѓу двете држави, јавија руски медиуми.

Треба да знаете
Последни објави