Search

Нетанјаху: Веројатно ќе почне војна во Газа, нема друг избор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел веројатно нема да има друг избор освен да влезе во војна во Појасот Газа. Во интервју за радиото „Ресехт Бет“, Нетанјаху вели дека Израел веројатно ќе треба да почне воена кампања во оваа палестинска енклава, во ситуација на ексалација на конфликтот во последниве неколку месеци, пренесуваат израелските медиуми.

Тој пред сè алудирал на ракетите лансирани од силите на Хамас и Исламски џихад од енклавата меѓу Израел и Египет, која е во блокада откако Израелците се повлекоа од неа во 2005 година.

Покрај ракетните напади на кои Израел реагираше со бомбардирање на Газа, ситуацијата меѓу Израел и Газа ескалираше и минатата година, поради насилните палестински протести на границата, на кои израелските војници реагираа со отворање оган, притоа убивајќи десетици демонстранти.

Сепак, Нетанјаху нагласил дека опасната војна е последно средство и додал дека тој нема да испрати израелски сили во Газа сè додека условите за тоа не бидат оптимални.

Израелскиот премиер го обвини Хамас, кој е на власт во Газа од 2006 година, дека не ја контролира оваа енклава и дека дозволува екстремниот исламски џихад да спроведува напади на израелска територија.

Треба да знаете
Последни објави