Search

Несторовиќ: Поранешниот селектор на Србија кој почина неодамна коронавирусот го „закачил “ од респиратор

Српскиот доктор пулмолог член на Кризниот штаб во битката против пандемијата предизвикана од коронавиртусот Бранимир Несторовиќ, уште еднаш ја вознемири јавноста со изјавата по неодамнешната смрт на поранешниот српски фудбалски селектор Илија Петковиќ (75 г.). Според докторот Несторовиќ, некогашниот фудбалски ас Петковиќ не починал како последица од коронавирусот, туку истиот го „закачил“ од респираторната машина.

– За Илија Петковиќ знам дека почина како последица на пукнат чир по што тој искрварил. Во тие моменти бил приклучен на респиратор и се инфицирал со коронавирусот. Но, тој не почина од вирусот со кој се бори целиот свет – изјавил Несторовиќ.

Кој од илјадниците починати луѓе се како последица од коронавирусот, а кој со тој вирус е прашање кое прави најмногу проблеми во методологијата на Светската здравствена организација поврзано со статистика на починатите од Ковид 19.

Илија Петковиќ минатат недела беше примен во болница поради пукнат чир, а имаше проблеми со срцето и белите дробови. Тој изгубил многу крв откако пукнал чирот, а потоа било откриено дека е позитивен коронавирусот. Неколку дена пред влошувањето на неговата здравствена состојба, Петковиќ за медиумите изјави дека ги следи сите препораки на лекарите во врска со коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави