Search

Несторовиќ: Никогаш не сум видел ваков вирус кој напаѓа и тестиси !

Стручните гледања преку призмата на српскиот пулмолог, член на кризиниот штаб кај северниот сосед во битката со пандемијата предизивикана од коронавирусот на д-р Бранимир Несторовиќ речиси катадневно го привлекуваат вниманието на пошироката јавност. Со неговите настапи и напатствија како да се спревуваме со невидилвиот непријател не ретко приредува дури и големи шокови меѓу населението.

-Многу млади луѓе имаат пневмонија, иако не беше така во март, април, мај. Вирусот предизвикува тешка пневмонија и ги напаѓа помладите луѓе, како да не е истиот. Мене ова ми се чини како нов вид вирус на корона. Поминува незабележано дека овој вирус ги напаѓа мозокот, бубрезите, тестисите … Ова е единствениот респираторен вирус кој ги напаѓа тестисите. Никогаш не сум видел ваков вирус – изјави Несторовиќ.

Според пулмологот земјата доста добро поминала во битката со пандемијата, па и финансиски, а не се случија и немири.

– Ова беше тежок стрес. Имам впечаток дека граѓаните се незадоволни што 270 луѓе починале. Словените и Германците одлично поминаа. Поприлично сме отпорни на овој вирус. И генетиката игра голема улога. Доказ дека сме најстара нација во Европа е PH негативност. Бевме отпорни и на СИДА. Оние нации кои страдале многу од туберкулоза, се чини дека се отпорни на СИДА. Вирусите сами по себе не се опасни за нас, тие се опасни за поедини луѓе – додава Несторовиќ.

Запрашан кога и каков крај гледа од оваа битка со коронавирусот кој го тресе целиот свет пулмологот возвраќа:

– Навистина мислам дека сме на крај, но кога ме прашауваат кога ќе ја одјавиме епидемијата, велам веројатно никогаш. Секогаш ќе има по некој индивидуален случај. Луѓето живеат нормално. Можеби и не е лошо што се случи ова, и младите луѓе се разболеа, па претпоставувам дека ќе започнат да ги почитуваат некои мерки, а не да лудуваат.

Треба да знаете
Последни објави