Search

Несреќна мајка: Скандалозниот син на пејачката Снежана од „Ѕвездите на Гранд“

Балканското шоу „Ѕвездите на Гранд“ стартуваат на 18 септември, а публиката и во Македонија со нетрпение ја чека оваа ТВ-забава, преку фреквенцијата на ТВ Канал 5. Дел од екипата на шоуто е и популарната пејачка Снежана Снежа Ѓуришиќ. Но, многумина малку знаат дека зад професионалните успеси на убавата Снежа се крие нејзиниот тажен приватен живот.
Марко Гвозденовиќ е синот на пејачката Снежана Ѓуришиќ, кој според сознанијата на медиумите е проблематично скандалозен лик.

-Со мајка ми не сме во добри односи. Секогаш имаме причини за кавги. Јас едно време пиев и се согласив на таканаречено лечење, изјави синот на Снежана за медиумите пред неколку години, а во таа исповед открива дека е дури и бездомник. Живеел извесно време во Америка, но таму не успеал да се снајде. Кога се врати во Србија, завршил на улица. Тогаш предизвикал сообраќајна несреќа на булеварот „Кнез Александар Караѓорѓевиќ“ во Белград. Во пијана состојба ја убил својата тогашна девојка Јелена, инаку ќерка на славниот хармоникаш Миодраг Пауновиќ. Поради ова злосторство, Гвозденовиќ беше осуден на четири и пол години затвор.

– Мојот син сакаше да пие, па му се случи и несреќата. Јас ја продадов куќата затоа што многу плачев во неа. Не сакав ништо веќе да ме потсетува на таа куќа. Заминав и од тој дел на Белград. Многу бев несреќна. И додека пеев на концерти, јас зад сцената плачев поради мојата животна мака. Синот долго време по несреќата беше во болница. Одев да го посетувам, но не сакав никој да ме препознава дека сум таа популарна Снежа, па се криев со големи темни очила, со периките. Психички бев побудалена.

И тоа не е сè што ја снаоѓаше Снежа. Според медиумите, против нејзиниот син беше поведена предистражна постапка поради сомневање дека тој ја претепал сопругата, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. – Кога полицијата ме фати ја повикав мајка ми да ми помогне, а таа ладно ми кажа: „Ти синко немаш куќа кај мене, не си веќе добредојден“.
Веднаш се скаравме. Сфатив дека таа се откажа од мене. Јас ѝ ѕвонам, таа не ми крева слушалка. Цел месец поминував во туѓа куќа без пари… признава синот на пејачката Снежана Ѓуришиќ .

Меѓутоа пејачката Лепа Лукиќ, многу добрата колешка на Снежа, вели дека Марко сега се враќа по вистинскиот пат, дека станува човек. – Тој работи во еден ресторан, таму блиску кај што живеам јас. Кога сакам нешто да купам, јас не излегувам. Се јавувам кај Снежа, а таа кај Марко. Тој се ќе купи и ќе ми донесе. Зато не го обвинувајте детето. Сите сме луѓе, сите грешиме. Не постои безгрешен. Јас го сакам Марко, тој се грижи дури и за мојата мачка, разнежнето објасни Лепа.

Треба да знаете
Последни објави