Search

Несреќа на Треска: Скокал од мост па си го скршил вратот

Едно лице е тешко повредено откако го скршило вратот скокајќи од мост на реката Треска, дознава 24 Инфо.

Според очевидци, несреќата се случила попаднево на мостот на кајакарскиот дом “Матка” од кој лицето се фрлило во водата. При тоа паднал незгодно и ги скршил пршлените на вратот. Со возило на Итната помош бил пренсен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Од МВР засега нема детали за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави