Search

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги чинеше граѓаните дополнителни 190 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид, денес се гради по план

Неодоговорно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за патишта бидејќи токму таа партија остави пустош во инфраструктурата и пропусти на автопати кои граѓаните и државата се уште го исплаќаат.
Таков е случајот со изградба на автопатот Кичево –  Охрид, проект кој беше целосно погрешен и потребно беше време да се исправат грешките, за да биде безбеден и сигурен за сообраќај.
Лошото планирање и проектирање зборува за нестручноста на ВМРО ДПМНЕ, за што дополнително овој автопат чини околу 190 милиони евра, пари на граѓаните.
Во спротивно, доколку претходно биле направени темелни истражувања на трасата и на проекот, автопатот до сега ќе беше готов и ќе не чинише помалку пари. Неспособното ВМРО –ДПМНЕ проектираше автопат  без клучки за излез од него, без алтернативни патишта, со несоодветни материјали за заштита и потпора при ископ, без  проект за звучни бариери,  потпорни зидови,  заштитна ограда и  плочести пропусти на цела траса,со нестабилност на косините . Истовремено потребно беше да се направи и дислокација на далеководи, телефонски кабли, водоводни инсталации како и на индивидуални станбени и стопански објекти кои се сечат со трасата на автопатот. Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ, неспособност, криминал, расипништво, провизии и договорени тендери за лично богатење на поединци.
СДСМ како одговорна партија, донесе одлука да се  изгради овој автопат по стандарди како што налага градежништвото заради безбедноста и сигурноста во сообраќај на граѓаните  и економски развој на нашата држава. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски можат да учат како се гради по план, по далеку пониски цени и на многу поефикасен начин.

Треба да знаете
Последни објави