Search

Неспособната власт на Заев за три години ја урниса македонската економија

Соопштение до јавноста-реакција на прес конференција на Диме Велковски

 

Во изминатите три години СДСМ и владата на Заев  ја донесе Македонската економија на дното.

Власта на Заев не реализира ниту еден капитален проект, нема нови работни  места, нема повисоки плати,  ниту повисок животен стандард за граѓаните.  Народот живее во сиромаштија и со празни џебови поради неспособноста на функционерите на СДСМ. Додека СДСМ се фали со „успешноста“ на своите мерки за поддршка на македонското стопанство, илјадници наши сограѓани не знаат како ќе го поминат месецот бидејќи се оставени без приходи.

Со СДСМ само одиме кон економски крах. СДСМ со пи-ар трикови се обидува да го обвини народот за да ја сокрие својата неспособност и ароганција. Поради неспособното владеење на СДСМ во овие три години нема капитални инвестиции. Единствена капитална инвестиција во овие три години е зголемувањето на имотот на Заеви и нивните соработници. Ветуваа автопатишта од 600 километри, а не направија ниту еден километар автопат. Имаме пад на извозот од 23,8 отсто во првите четири месеци. СДСМ во ек на корона трошеше за мебел, алкохол и морска храна, а лекарите немаа ни за маски. Во ек на корона криза за 5 месеци УЈП има потфрлање во собирањето на даноци од 25%.

Само за месец мај потфрлањето е повеќе од 3 милијарди денари.  Потфрлањето кај наплатата на Данокот на добивка е за цели 45%. Бизнис секторот континуирано апелира за помош од државата, мерките кои се превземени ниту се навремени ниту се доволни. 99 проценти од македонските компании се директно засегнати од кризата, а околу 49 проценти од компаниите имаат намалени приходи дури за 80 проценти.

Индустриското производство во 4 месец од годината има намалување за цели 33,5%. Бројот на вработените во индустријата во месец април е намален за 5,1%, а од почетокот на годината бројот на работниците во индустријата е намален за цели 4%. Капиталните инвестиции, нивното ниво не надминува 60-тина милиони евра во првите пет месеци. Тоа е за некаде околу 18.5% од планот кој што е предвиден со ребалансот на буџетот.

СДСМ и власта на Заев изминатите  три  години  ја руинираа економијата. Со СДСМ на власт единствено добивме хибриден режим, сиромаштија и корупција.

 

Треба да знаете
Последни објави