Search

Неспоредливо: Мицкоски зборува за пари и криминал, Заев за нешто што не го сторил

Има драстична разлика во содржината на аудијата кои се појавуваат во јавноста, а на кои се слушаат гласовите на Мицкоски и на Заев. Не може да се поистоветуваат снимки на кои се зборува за пари и криминал, со снимки на кои се зборува за постапки од кои нема никаква последица. Имено, Мицкоски на Зоран Милевски Кичеец му се доверува дека Мијалков и Камчев му се скриени финансиери на партијата и дека двајцата инвестирале пари за да може ВМРО ДПМНЕ да функционира.

Содржината на снимките со Мицкоски отвора сомнежи за нелегално финансирање на партијата, нешто што веќе е познато за ВМРО ДПМНЕ, со оглед дека се водат судски процеси против функционери од партијата. Тој директно споменува дека Камчев и Мијалков му дале пари за митингот и за комуналните трошоци. Со оглед дека никој од прозваните не се огласи дека парите се легални и пријавени, останува дилемата дека парите се црни и не се влезени во ниту една евиденција. Тоа самото по себе значи да се отвори истрага и да се открие што навистина се случило.

Од друга страна пак, Заев му зборува на соговорникот за Шарена револуција, и изнесува мислење дека шарените нема да прават партија и ако дојдат во коалиција со СДСМ ќе настрадаат, дека тој ќе им се одмаздел. Нема содржина на снимката која упатува како ќе го направи тоа и кому. Но, ништо од ова не повлекува криминално дејание, дури и во изминатите четири до пет години јавноста не познава случај дека Заев му се одмаздил некому или му сторил нешто само затоа што му пристапил на СДСМ или на коалицијата.

Во превод, аудио снимката на која се слуша гласот на Заев, а која опозициските медиуми ја преставуваат како скандал кој не постои, не повлекува последици сама по себе, односно Заев можел, но не значи дека некому му се одмаздил. За разлика од него, Мицкоски признава дека го извршил тоа што го зборува, или делото има последици, ги зел парите од Мијалков и Камчев, но не ги пријавил и им нема трага.

Затоа, неспоредлива е содржината на аудио снимките со Мицкоски и оние со Заев. Кај Мицкоски има работа за надележните органи.

Треба да знаете
Последни објави