Search

Неработењето на багерите во РЕК шанса за нови тендери и набавки и ново покачување на струјата за граѓаните

СДСМ се грижи само за личниот профит, додека државниот имот тоне. Граѓаните плаќаат поскапа струја затоа што СДСМ е расипничка влада.  Надвор од употреба е главниот багер за ископ на јаглен, УНЕКС КУ 300, на кој веќе 30 години се потпира јагленовиот ископ комплетно, што значи ново санирање, нови тендери, нови трошоци и можно покачување на цената на струјата.

Власта не можеше да ги санира последиците од еден пообилен дожд, и целосно крахира на поле на енергетиката.

Поплавен е речеси целиот систем во РЕК Битола.

Вториот по големина багер кој е означен како 630/2 е со поплавена трака и исто така е вон функција. Единствено функционален е СРС 323, но тој нема капацитет за да опслужи ниту половина блок, и со тоа сериозно се загрозува нормалното функционирање на РЕК Битола и производството на струја од истиот капацитет.

Поради неодговорноста на СДСМ се става под знак прашалник нормалното производство на струја.

СДСМ само испумпува пари од енергетските компании за тендери за фирмите блиски до власта. Затоа граѓаните наместо квалитетен систем добиваат покачени сметки за струја.

Треба да знаете
Последни објави