Search

Неприфатлива одлуката на Хрватска да одлага нуклеарен отпад на границата со БиХ

Минисерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Сташа Кошарац, разговарал денес со хрватскиот министер за заштита на животната средина, Томислав Ќориќ, за намерите на Хрватска да изгради одлагалише за радиоактивен и нуклеарен отпад на локалитетот Трговска гора, во непосредна близина на границата со БиХ, пренесува „Вечерње новости“.

Хрватското министерство неодамна одлучи да му ја отстапи на користење локацијата на поранешното воено складиште „Черкезовац“ на Фондот за финансирање на складирање на радиоактивниот отпад од нуклеарната електрана Кршко за исработка на стодија за влијанието врз животната средина.

Кошарац нагласи деја ставот на надлежните институции на сите нивоа на власт во БиХ е дека Намерката на Хрватска да одлага радиоакивен отпад во непосредба близина на границата е потполно неприфатлива и изрази незадоволство од фактот дека Хрватска не се откажува од намерата.

Тој го информираше Ќориќ за проценките дека со изградба на одлагалиштето на Трговска гора ќе се загрозат 250.000 жители во 13 општини во сливот на реката Уна и дека негативно ќе влијае на животната средина, но дека станува збор и за сериозен безбедносен проблем бидејќи посочената локација е на многу трусно подрачје.

Во случај Хрватска да инсистира на посочената локација, Коѓарац порача дека БиХ ќе покрене меѓународен арбитражен спор, но се надева дека овој проблем сепак ќе биде речен по дипломатски пат.

Треба да знаете
Последни објави