Search

Непочитување на мерките во Дојран, градоначалникот со помош Гранична полиција се справува со несовесните туристи

Ни се случува максимално непочитување на мерките, ова е нешто невидено досега во Дојран, откако вчера во градот дојдоа околу 15.000 посетители. Вклучена е Граничната полиција, се казнуваат луѓето кои ги има во поголеми групи, без маски, не се држи растојание, за ,,Фокус” раскажува Анго Ангов, градоначалникот на Општина Дојран.

Продолжениот полициски час за време на викендот во Скопје беше причина голем број од граѓаните да заминат од своите домови и да се сместат во Дојран, каде полицискиот час започнува од 16 часот. Слободното време речиси сите посетители го користат за прошетки низ општината, покрај езерото или пак во угостителските локали.

-Ако ова не е бегство од полициски час, тогаш што е? Доволно е еден или двајца од посетителите да се позитивни на вирусот, па сите да ја платиме сметката. По недела, две, ќе го видиме резултатот, велат револтирани жители на Дојран.

Фото: Фокус

Треба да знаете
Последни објави