Search

Непознат ротирачки објект откриен во нашата галаксијa- на секои 18 минути испушта многу енергија

Австралиските научници тврдат дека откриле непознат ротирачки објект во нашата галаксија и истакнуваат дека тоа е нешто што досега не е видено. Објектот, кој прв го откри студент од австралискиот универзитет Куртин, е специфичен по тоа што емитува огромно количество енергија во радио делот од електромагнетниот спектар на секои 18 минути.

Според Би-Би-Си, објектите кои пулсираат со енергија релативно често се набљудуваат во вселената, но во овој случај се работи за објект кој пулсира цела минута, што е крајно необично.

Овој необичен објект го откри студентот Тајрон О’Доерти со помош на телескоп и нова техника што самиот ја развил.

Студентот е член на тимот на радио астрономи предводени од астрофизичарката Наташа Харли-Вокер, во рамките на Меѓународниот центар за истражување во радио астрономијата (ICRAR).

„Пулсот на енергија се појавуваше и исчезнуваше со часови за време на нашите набљудувања“, рече О’Доерти во соопштението за печатот во кое ICRAR ја информираше јавноста за откритието.

Објектот што бил „осветлен“ цела минута е „многу чуден“, рече астрофизичарот на ICRAR, Џема Андерсон во соопштението за печатот.

ICRAR наведува дека објектот се наоѓа на околу 4.000 светлосни години од Земјата, е исклучително светол и има исклучително силно магнетно поле.

Repeating Transient Animation from ICRAR on Vimeo.

Треба да знаете
Последни објави