Search

Непознат добротвор плати сместување во хотел за 80 бездомници во Чикаго

На суровите температури, што моментно во Чикаго се спуштаат и до минус 25 степени, осумдесет бездомници останаа без засолниште кога експлодира еден од резервоарите со гас што ги добија за да се згреат.

Додека градските власти бараа решение за сместување 80 лица, непознат добротвор им плати сместување во хотел.

„Армијата на спасот беше подготвена да ги прифати по експлозијата, но добивме известување дека тоа веќе не е потребно бидејќи тие се згрижени. Ние сме среќни што се на топло и што се безбедни“, рече Џеки Рачев од Армијата на спасот.

Таа исто така рече дека не е познат идентитетот на човекот што им помогнал, како ни тоа до кога бездомниците ќе останат во хотелот.

Со оглед на тоа што експлодира еден од поставените 200 резервоари со гас што граѓаните на Чикаго ги донираа за бездомниците, таа предупреди за потенцијалниот ризик од понатамошни експлозии.

Истото предупредување го испратија и пожарникарите на Чикаго.

„Резервоарите со пропан може да предизвикаат пожари и експлозии“, истакнаа тие.

Треба да знаете
Последни објави