Search

Неофицијално, бројот на новозаразени денеска се движи кон илјада лица

Денеска во Македонија, според неофицијалните информации, ќе биде забележан рекорден број на коронаинфекции во еден ден, и таа бројка би можела да изнесува за неколку десетици над 900 новозаразени.

Во четвртокот беа забележани 14 смртни исходи и 862 нови случаи на заразата.

До петокот се направени вкупно 240.658 тестирања на к0ороанвирусот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 28.697, бројката на оздравени пациенти е 19.771, на починати е 963, а бројот на активни случаи изнесува 7.963.

Треба да знаете
Последни објави