Search

Необичен инцидент во Германија – чоколада ги преплави улиците

Невообичаена незгода се случи во градот Верла во западна Германија.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, пожарникарите итно интервенирале по невообичаен повик, откако се преполнил резервоарот на локална фирма која произведувала течна чоколада, па чоколадната маса се излила на улица.

Тони чоколада се излеаja во дворот, а потоа и на блиските улици“, изјавил портпаролот на градската противпожарна служба.

Пожарникарите морале околу два часа да ја затворат улицата за сообраќај, а чоколадата – растечена по површина од околу 10 квадратни метри, со лопати ја собрале на куп, кој на крајот го собрала компанијата задолжена за хигиената во градот.

Треба да знаете
Последни објави