Search

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште ,,Вера Јоциќ” во населбата Хиподром (Општина Гази Баба) и претставува опасност за децата кои го користат игралиштето во непосредна близина.

Загрижен родител испрати фотографија до редакцијата на ,,Макфакс”, на која се гледа дека десно од јамата има детски лулашки кои често ги користат децата од околните згради, поради што родителите стравуваат поради незаштитената јама која демне во школскиот двор кој не е затворен за употреба.

,,Училиштето се реновира ( проектот е завршен ) но оваа не безбедна јама стои вака без никаква заштитна ограда веќе неколку месеци. Иста беше ситуацијата и пред учениците да се рапyштат, кои пo завршување на часовите препипуваа преку јамата. Oва е слика од пред два дена и се гледа дека децата што живеат во близина го користат игралиштето кое што не е затворено за употреба, и во секој момент може да настане трагедија. За нештата да бидат по трагични, десно има детски лулашки (предшколска возраст). Трагедија може да настане во секој момент и лулашките не се затворени за употреба”, се вели во писмото на загрижениот родител испратено до редакцијата на ,,Макфакс”.

 

Треба да знаете
Последни објави