Search

Ненадиќ се враќа за клучниот меч против Франција

Србија или Хрватска, која од овие две селекции ќе патува во главната фаза е дилемата во групата Ц.

Ракометарите на нашиот северен сосед со победа од два гола разлика од Франција сигурно одат во Будимпешта, ако победат еден гол во тој случај ќе мора да постинат најмалку 26 погодоци.

Пред важната средба со „триоколорите“ предводникот на Србија, Тони Џерона доби одлична вест, во составот ќе се враќа Петар Ненадиќ, кој беше повреден. На пат кон Сегедин е Дејан Милосављев, кој беше позитивен на Ковид-19 заедно со Илија Абутовиќ.

Што се однесува до Хрватска мора да дојде до победа против аутсајдерот Украина, што веруваме дека ќе биде така.

Треба да знаете
Последни објави