Search

Неможејќи да се помири со растот на платите, ВМРО-ДПМНЕ со погрешна математика ја манипулира јавноста, СДСМ ги зголемува платите во образованието

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски до толку не можат да се помират со растот на платите па почнаа да измислуваат лажни формули околу растат на платите во образованието, велат од СДСМ во реакција на прес конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

Научена на лаги, конструкции и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ со погрешна математика ја манипулира јавноста дека на наставниците им се кратат платите.Тоа не е вистина платите на вработените во образованието се зголемени за 10%, а од почетокот на следната за година за уште 10%. Работното место наставник според Колективенниот договор за основно образование има коефициент на сложеност 2.503.Тој се множи со утврдената најниска плата во дејноста образование, а не со минималната плата како што лаже ВМРО-ДПМЕ а таа изнесува 13.417 денари или пресметка за плата на наставник математички прецизно:  2.503 х 13.417 = 33.583 бруто плата или 22.713 нето плата.

Овие податоци и пресметки се според спогодбата потпишана на 30.08.2019 за покачувањето на платите од 5% во образованието – што значи дека со сегашното покачување од 10% што ќе биде ефективно во јануари 2020, платата за наставниците со коефициент 2,5 ќе биде токму онолку како што се предвидува.
Платите на вработените во образованието веќе од први јануари 2020 година ќе се зголемат за цели 20 отсто. Од мај 2017 до август 2019 просечната плата во образованието СДСМ ја зголеми за 2.100 денари.
Претходно за цели седум години до 2010 до 2017 година просечната плата во образованието пораснала за едвај 850 денари.Тоа е клучна разлика.
СДСМ инвестира во образованието, вложува во наставниот процес, го подобрува ученичкиот и студентскиот стандард и ги зголемува платите во образованието.

Треба да знаете
Последни објави