Search

Немири во Венецуела против владата на Мадуро

Група војници од Венецуела кои тврдат дека се членови на вооружените сили на земјата во понеделникот се обидоа да почнат бунт против владата на претседателот Николас Мадуро, предизвикувајќи насилни улични протести во Каракас.

Полковникот Вандрес Фигероа ја предводеше малата група војници, кои околу 2:50 часот наутро се упатија кон штабот на специјалните безбедносни сили. Упадот беше снимен со мобилни телефони и набрзо се рашири на социјалните медиуми. На видеата, Фигеора директно ги повикува граѓаните на Венецуела да излезат на протест.

Малите групи демонстранти што излегоа на улиците брзо беа растерани со солзавец, пренесува Си-ен-ен.

Министерот за национална одбрана ги обвини десничарите за протестите, додавајќи дека виновниците за немирите ќе бидат казнети.

Инцидентот се случи само неколку дена пред претестите на кои Националното собрание во земјата повикува, велејќи дека тие не го признаваат вториот мандат на Мадуро и го повикуваат да се повлече од функцијата.

На 15 јануари, собранието ја обвини владата на Мадуро за „узурпирање на власта“ и почна да работи на закон за амнестирање на сите членови на вооружените сили што ќе се побунат против владата.

Неколку земји, меѓу кои и САД, рекоа дека нема да го признаат вториот мандат на Мадуро

Треба да знаете
Последни објави