Search

Нема штрајк на осудените лица во затворот во Кшање

Нема штрајк на осудените лица во затворот Куманово, информираше денеска, директорот на оваа установа, Марјан Спасовски.

Ниту осудените во овој затвор во Кшање, ниту осудените во отворено одделение од Крива Паланка не штрајкуваат, ниту пак одбиваат да земат оброци, додава Спасовски.

Тој вели дека се функционира редовно во затворот, како и оти нема било какви индиции дека ќе протестираат осудените лица.

Околу стотина лица има во затворот Кшање и во отвореното одделение во Крива Паланка.

Во дел од затворите во Македонија, затворениците штрајкуваат или одбиваат оброци, барајќи да бидат амнестирани и да бидат опфатени со процесот на помирување, што беше одбиено со образложение дека општа амнестија наскоро нема да има, дека веќе е донесен закон и оти и во европските држави пракса е да се носи ваков закон на неколку години.

Треба да знаете
Последни објави