Search

Нема термини за ехо на дојка, простата и психијатар на „Мој Термин“

Матичните лекари велат дека нема доволно термини за ехо на дојка, простата и за психијатар на „Мој Термин“.

„Имаме поголема побарувачка за термини отколку што е понудата од страна на докторите. Кога ќе пуштат слободен термин интернистите, за кратко време тој се пополнува. Проблематично е со ехо на простата, ехо на дојка. На пациентите кои имале патолошки наоди или имаат проблеми, многу им значи навреме да се изврши прегледот, да имаат термини. Слично е и со психијатарите, за кои тешко се наоѓа термин“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари.

По шест месеци пауза поради коронакризата, од 17 август почна закажувањето прегледи и интервенции во електронскиот систем. Министерот за здравство Венко Филипче на 3 септември кажа дека прегледите и интервенциите од „Мој термин“ ќе бидат достапни и за лицата на кои им беа одложени интервенциите поради ковид-19 и на новите пациенти. Термините ќе им се закажуваат согласно листата на чекање кај соодветен доктор и како што биле одложувани интервенциите, таква ќе биде и динамиката.

Најголеми се листите за чекање кај специјалистите уролози, кај кардиолозите, кај радиолошките испитувања и кај ортопедските болести.

Треба да знаете
Последни објави