Search

Нема респиратори за лица постари од 80 години, во Франција ја олеснуваат смртта со лекови

Во регионот Алзас во Франција, болниците веќе немаат услови да ги лекуваат најзагрозените од коронавирусот, па затоа е решено пациентите постари од 80 години да не можат да бидат ставени на респиратори, туку само да им ја „олеснат“ смртта со тоа што ќе нбидат омамени.

Според германската новинска агенција ДПА, лекарите кои работат во регионот веќе немаат услови да им дадат помош на сите оние на кои им е потребна, па затоа наводно не ги ставаат постарите пациенти на респиратори, туку само им ги олеснуваат маките со лекови, пренесува „Гардијан“.

Како што истакнува овој германски медиум, болниците во Стразбур имаат страшен прилив на пациенти, а многу лекари продолжуваат да се грижат за пациентите и покрај тоа што и тие самите се заразиле со коронавирусот.

Клиниката во Стразбур одби да ги коментира наводите на медиумите. Тие посочија дека здравствената состојба на пациентот одредува кој ќе биде приклучен на респираторот, а не на возраста. Тие исто така истакнаа дека болницата нарачала нови респиратори.

Властите во регионот потврдија дека ситуацијата е драматична и дека болниците во Алзас биле принудени да им даваат приоритет на одредени пациенти заради ограничениот број на респиратори.

Треба да знаете
Последни објави