Search

Нема притвор за осомничените во предметот „Поштенска банка“

Нема притвор за осомничените во предметот „Поштенска банка“

Судот вечерва на Коле Смилевски му го одзеде пасошот, а за останатите двајца обвинети, кои беа уапсени утрово, изречени се мерки да се јавуваат во судот. Специјалното јавно обвинителство најави жалба во врска со оваа судска одлука. СЈО има рок од 24 часа да се жали на одлуката на судијата на претходна постапка до тричлениот судски совет, како и осомничените за изречените мерки.

Истрагата „Поштенска банка“ е финансиска истрага, во рамки на која, девет лица се осомничени за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од КЗ.

Со истрагата се опфатени лицата Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитревски, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев.

Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави