Search

Нема лекарска грешка во случајот со починатата родилка од Охрид

Ретката болест „лупус“ е причината за влошување на состојбата кај 29-годишната родилка од Охрид која почина од сепса на скопските Клиники, десет дена по породувањето на охридското гинеколошко одделение, тврдат од Охридската болница. Од болницата велат, дека според нивните направени анализи, не станува збор за лекарска грешка како што деновиве се шпекулираше во јавноста.

„На ден 11.06.2019 год. во 04:00 на ГАО-Охрид примена е пациентка првородтка во термин за породување. Пациентка на 29 год. возраст со хронична системска болест LUPUS и од детска возраст со имуносупресивна терапија. Направен е итен царски рез, добиен жив женски плод 2130/46 во добра состојба. Оперативен и ран постоперативен тек уреден. Петтиот постоперативен ден поради влошување на општата состојба на пациентката и поради очекувани компликации од основната болест конзилијарно е одлучено пациентката да се препрати во терциерна установа GAK-Скопје за понатамошен третман. Во тек на престојот на GAO-Охрид земен е брис од рана од родилката и истиот е стерилен (резултат добиен од Центар за јавно здравје Охрид). Следниот ден на GAK е направена (мултидисциплинарна) ревизија и е констатирано дека е исклучена гинеколошка компликација” – велат од Охридската болница.

Еден ден откако пациентката била примена на Гинекологија во Скопје, стручниот колегиум на болницата врз основа на конзилијарно мислење на тројца гинеколози, абдоминалец и пластичен хирург одлучил таа да биде поставена на машина за дишење.

„На Клиниката за гинекологија и акушерство веднаш е ставена на интензивно лекување, во шок соба и суспектна за сепса. Во текот на целиот престој на ГАК е мултидисциплинарно третирана. Од ехо-прегледот гинеколозите исклучија гинеколошко страдање. И покрај сите напори на лекарскиот тим, состојбата постојано се влошуваше. Пациентката во исклучително лоша состојба, во петокот во 14 часот е префрлена на КАРИЛ, каде и починала два часа подоцн“ – соопштија од Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Нејзиното бебе е во добра здравствена состојба, а денеска ќе биде предадено на семејството.

Треба да знаете
Последни објави