Search

Нема контроли на граница за тестенини, леб, колачи и чоколади од увоз  

 Од почетокот на овој месец сите производи кои се стабилни на собна температура и во својот состав не содржат месо и јајца нема да бидат контролирани од страна на инспекциските служби

Шпагети, макарони, чоколади, вафли, но и двопек и леб кои се стабилни на собна температура од почетокот на овој месец нема да подлежат на официјални контроли на граничните премини од страна на инспекциските служби. Одлуката е веќе донесена од страна на Агенцијата за храна и објавена во Службен весник.

– Производи од животинско потекло, кои не подлежат на инспекција при увоз и транзит од страна на официјален ветеринар на граничен премин се мешовити производи кои во својот состав не содржат производи од месо, но содржат помалку од половина преработени производи од животинско потекло. Истите треба да се  стабилни на собна температура или во процесот на нивното производство биле подложни на целосен процес на варење. Производитене биле исто така подложени на процес на третман со топлина низ нивната супстанца– стои во соопштението.

Исто така производите треба јасно да се идентификувани како наменети за исхрана на луѓе,  безбедно спакувани или запечатени во чисти контејнери. Секоја пратка мора да е придружена со соодветен документ и мора да се означени на македонски јазик и кирилично писмо.

– Документот и етикетата заедно треба да даваат информација за природата, количеството и бројот на пакети на мешовитите производи, земјата на потекло, производителот и составот на производот.  Со денот на отпочнувањето на примена оваа листа престанува да важи Листата на производи и нуспроизводи од животинско потекло кои не подлежат на инспекција при увоз од страна на официјален ветеринар на граничен премин. Oваа листа се објавува во „Службен весник , а ќе отпочне да се применува од 31.10.2018 година- стои во соопштението.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави