Search

Нема договор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за СЈО

Нема договор помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за СЈО. Барањата на ВМРО ДПМНЕ не се прифатени, а тие рекоа дека нема да го поддржат законот во ваква форма . Министерката за правда Дескоска рече дека пропаднал уште еден обид на ВМРО ДПМНЕ за амнестија на обвинетите за упадот во Собранието на 27-ми април. Таа вели дека не ги интересирал законот за јавното обвинителство, туку дека цело време работеле на амнестијата.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ испорачаа три услови за да го поддржат Законот за јавно обвинителство – државниот јавен обвинител да биде на предлог на опозицијата, СЈО да работи како дел од ОЈО, односно како одделение на Обвинителството, и да се формира анкетна комисија за финансиската работа на СЈО.

Треба да знаете
Последни објави