Search

Нема да има автоматска депортација на лица од ЕУ од Британија по брегзит

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните на ЕУ кои не побарале право да останат во земјата по брегзит, изјави денеска координаторот за брегзит на Европскиот парламент, Ги Верхофстат.

Верхофстат, кој се состана со британските министри во четвртокот, вклучувајќи го и министерот за брегзит Стивен Баркли, рече дека е потврдено зс „грејс период” за оние кои не аплицираат за статус на престој до крајниот рок во јуни 2021 година.

– Што ќе се случи со тие луѓе дури и по грејс периодот? Па, нема да има автоматско депортирање, изјави Верхофстат за радио Би-Би-Си.

– После грејс периодот, тие ќе имаат можност да аплицираат, давајќи причини зошто тоа не било можно во нормални процедури, објасни тој.

Позицијата на Верхофштат ја потврди и портпаролот на премиерот Борис Џонсон.

Треба да знаете
Последни објави