Search

Нема влегување во Грција преку копнените премини во вечерните часови

Од утре, 7 август, навечер стапува на сила забраната на грчките власти за преминување на сите копнени гранични премини кон Грција од 23:00 до 07:00 часот.

Агенцијата БТА известува дека од забраната е изземен само преминот Кулата-Промахон на границата кон Бугарија.

Денес портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас ја најави новата рестрикција со објаснување дека е воведена поради зголемениот број новозаразени со коронавирусот.

Грчките власти вчера забранија влез во земјата во текот на ноќните часови преку преминот Какавија на границата со Албанија, но оваа мерка, нешто подоцна, беше воведена за сите копнени премини освен Кулата-Промахон.

Треба да знаете
Последни објави