Search

Нема брзање: Џенифер Лопез двапати ја одложила венчавката поради пандемијата

Таа ужива прилично во својата успешна кариера на пејачка, актерка и танчерка, исполнета со безброј хитови и настапи.

Но, еден од најголемите денови во животот на Џенифер Лопез постојано се бутка наназад.

Оваа 51-годишна sвезда во средата за „Aсес Холивуд“ откри дека нејзината венчавка со Алекс Родригез била одложувана двапати поради пандемијата на Ковид-19.

Таа беше интервјуирана од Марио Лопез кој ја праша дали би можело со брза венчавка за да се заврши со тоа.

„Се појави Ковид-19…самоизолација. Ја одложивме свадбата. Всушност го сторивме тоа двапати, што луѓето не го знаат. Нема брзање.“

Таа рече дека има многу фактори влијаат на одлуката дали тоа ќе биде голем или мал настан.

Треба да знаете
Последни објави