Search

Неколку причини поради кои треба да јадете кромид

Ублажување на отоците, чистење на металите, прва помош кога храната ќе загори… ова се само неколку од невообичаените намени на кромидот.

Богат со антиоксиданти, може да помогне во спречувањето на рак, дијабетес, па дури и настинка, затоа кромидот е многу моќен зеленчук. Но, тоа не е се. Истите својства кои го прават одлична намирница го прават и одлично „оружје“ за други нешта, од лекување на кожата до чистење на метали.

Еве неколку други начини како можете да го употребите овој зеленчук…

Ако втриете парче кромид на кожата, комарците и инсектите ќе бидат подалеку од вас.

Не го послушавте претходниот совет? Триењето со кромид на местото каде што ве каснал некој инсект ќе ја намали боката.

Чајот од кромид е одличен лек за смирување на болното грло. Сварете неколку лушпи од кромид, процедете ја течноста и чајот е подготвен за консумирање.

Триењето со кромид на местото со изгореница ќе ја намали болката.

Сте го заборавиле оризот на шпорет па тој малку загорел? Нема потреба да го фрлате. Ставете половина главица кромид во оризот. Тој ќе го впие непријатниот мирис.

Пресечете една главица кромид и запалете ја скарата. Користејќи вилушка поминувајте со кромидот преку скарата се додека не ја исчистите.

Исецкајте го кромидот и потоа испасирајте го. Помешајте го со вода. Во добиената мешавина потопете крпа и чистете ги металните површини.

Истата мешавина за полирање на метал може да ви послужи и да се решите од непријатниот, а понекогаш и нездрав, мирис на боја и лак.

Треба да знаете
Последни објави