Search

Неколку причини поради кои треба да пиете сок од портокал

Сокот од портокал е на врвот од листата со сокови кои најмногу се консумираат. Покрај тоа што има прекрасен вкус, овој популарен напиток исто така е одличен за нашето здравје.

Кога се споменуваат сите вредности и бенефити од овој напиток, се мисли на свежо цеден портокал, а не на некој купен сок од продавница. Портокалите се богати со витамин Ц, Б и А, калиум, калциум и влакна.

Неодамнешните истражувања кои ги спроведоа научниците, покажаа дека ова овошје е богато со супстанци кои делуваат антиканцерогено и помагаат во борбата против високиот крвен притисок.

Еве ги причините поради кои треба да пиете сок од портокал секој ден:

– Сокот од портокал е богат со витамин Ц, кој помага во зајакнувањето на имунитетот

– Лицата кои имаат проблем со високиот крвен притисок би требало редовно да го консумираат овој напиток бидејќи помага во неговото намалување

– Една од важните состојки која во себе ги содржи портокалот е хесперидин. Истражувањата покажаа дека тој позитиво влијае на кардиоваскулариот систем и го намалува нивото на холестерол во крвта.

– Високото ниво на витамин Ц кој се наоѓа во ова овошје делува како антиоксидант, а самото тоа значи дека со редовното пиење на сок од свежо цеден портокал ќе спречите појава на разни болести, а меѓу нив и рак на дојката и простатата.

– Портокалот има и антивоспалителни својства. Токму тие својства помагаат во ублажувањето на болката ако имате проблем со артритис, вкочанетост на мускулите и зглобовите.

– Научниците тврдат дека антиоксидантите од портокалот помагаат во намалувањето на килограмите. Една чаша дневно позитивно влијае на вашиот метаболизам и го поттикнува губењето на масти.

– Ако сте бремени, би било повеќе од пожелно редовно да го пиете овој сок. Портокалите се извор на фолната киселина која помага за правилниот развој на мозокот.

Исто така, фолната киселина има и многу важна улога во репродукцијата на нови клетки, па со самото тоа го забрзува и процесот за лекување на разни заболувања.

Треба да знаете
Последни објави