Search

Неколку полицајци убиени за време на немирите во Иран

Неколку полицајци загинаа за време на протестите во Иран, изјави портпаролот на владата на земјата, Али Рабије, пренесува „Спутник“.

„За жал, во изминатите неколку дена се случија немири. Неколку полицајци беа нападнати и починаа како маченици“, рече Рабије за време на прес-конференцијата.

Протестите се случија во неколку градови низ Иран минатата недела откако владата ги објави плановите за зголемување на цената на бензинот за најмалку 50 отсто. Врховниот лидер на Иран, Али Камнеи, го поздрави владиниот план за цената на бензинот и за немирите ги обвини непријателите на Иран.

Според иранските државни медиуми, најмалку две лица загинале за време на протестите во текот на викендот.

Иран страда од строги економски санкции што беа повторно воведени од САД минатата година, откако претседателот Доналд Трамп се повлече од нуклеарниот договор за Иран потпишан во 2015 година од Иран, Кина, Русија, Франција, Германија, Велика Британија, ЕУ и САД. Договорот бараше Техеран да ѝ стави крај на својата нуклеарна програма и да ги намали своите резерви на ураниум во замена за укинати санкции.

Треба да знаете
Последни објави