Search

Неколку начини за борба со утринската депресија

Ви е тешко да правите обични работи како што е станувањето наутро од кревет. Дури и покрај лековите и разговорите со психолог остануваат некои работи со кои тешко е да се борите, а се пренесува неколку начини за борба со овој проблем.

Доколку не можете да се убедите да станете, пробајте прво да седнете. Од лежечка позиција преминете во седење и останете така неколку минути па потоа станете. Иако не звучи така, едноставните ситници како што е тоа движење може да претставува голем чекор за Вас.

Кога ќе седнете или лежите, започнете да размислувате за храна и кафе. До нив можете да дојдете единствено само ако станете, а тоа може да биде одлична мотивација за раздвижување. Доколку страдате од недостаток на апетит, фокусирајте се на фактот дека ќе бидете многу порасположени доколку јадете нешто, дури и кришка леб може да Ви помогне.

Вклучете го алармот на телефонот и оставете го далеку од креветот. Ова ќе Ве присили да станете и да го исклучете, а потоа продолжете да се движите и подгответе се за обврските кои ги имате тој ден.

Подредете ги обврските и направете утринска рутина до која ќе се придржувате секој ден. Ова ќе Ве присили побрзо да станете од кревет и да ги завршите обврските на време.

Доколку не се чувствувате доволно силни сето ова да го пробате сами, обратете се кај некој за помош. Обидете се да разговарате со член на семејството, партнерот или личноста со која го делите станот. Најдете некој кој со Вас ќе се напие кафе или поразговара пред да замине на работа наутро.

Треба да знаете
Последни објави