Search

Некои од животните во индонезиска зоолошка градина ќе бидат убиени поради недостиг на храна

Зоолошката градина во индонезискиот град Бадунг можеби ќе мора да убие некои животни за да ги нахрани другите како што се суматрискиот тигар и јаванскиот леопард. Ова сценарио би можело да се случи ако нема доволно храна во наредните месеци бидејќи зоолошката градина мораше да ги затвори своите врати за посетителите поради пандемија на коронавирус, пренесува „Ројтерс“.

Во зоолошката градина има 850 животни кои сега се хранат со намалени порции од вообичаеното. Но, ако ситуацијата продолжи, тие превидуваат дека ќе снема храна во јули. Зоолошката градина која е лоцирана во четвртиот по големина град во Индонезија заработува 81.744 долари месечно од посетителите. Но, од 23 март, кога се воведоа мерките во Индонезија, тие ги затворија своите врати.

„Имаме околу триесет елени од кои за колење ги одредивме старите и оние што не можат повеќе да се размножуваат, за да спасиме sверовите како суматрискиот тигар и јаванскиот леопард“, рече портпаролот на зоолошката градина Сулхан Сијафи. И некои птици како гуски, исто така, може да бидат убиени, додаде тој.

Критично загрозениот суматрискиот тигар по име Фитри сега добива 8 килограми месо на секои два дена, додека претходно во истиот период добивал 10 килограми. На зоолошката градина и требаат повеќе од 400 килограми овошје на ден и 120 килограми месо секој втор ден. А сега се снабдуваат со помош на донации.

Треба да знаете
Последни објави