Search

Некои видови пива помогнат во борбата против вишокот килограми

Група научниците открија дека одредени видови пиво се богати со пробиотички микроби – бактерии кои се заслужни за повеќе позитивни ефекти во човековиот организам, од борба против зголемување на телесната тежина до подобро спиење.
Како што се чини, тајната на пивата кои се богати со овие микроби е фактот дека тие ферментираат двапати – еднаш во пиварницата, а потоа повторно во шишето.
Втората ферментација ја зголемува јачината на пивото и создава поинтензивен и остар вкус. Важно за здравјето е дека ферментацијата во шише користи различен вид квасец во споредба со традиционалниот пивски квасец. Овој квасец не само што го претвора шеќерот во алкохол, туку помага да се создадат киселини кои ги уништуваат бактериите што нè прават болни.
„На овој начин се добива посилно пиво што е многу, многу здраво“, објаснува професорот од Универзитетот во Амстердам, Ерик Класен, но исто така вели дека тој не сака луѓето да го сфатат нивното истражување како лиценца за консумација на повеќе алкохол.
„При високи концентрации, алкохолот е лош за цревата, но ако пиете само по едно од овие пива на ден, тоа би можело да биде добро за вас“, вели Класен.
Исто така, друго истражување на Универзитетот во Небраска во САД открило дека некои шишиња пиво содржат и до 50 милиони пробиотички или „добри“ бактерии. Откако ќе се најдат во цревата, пробиотичките бактерии ги убиваат ривалските „лоши“ бактерии поврзани со многу болести, пренесе „Дејли мејл“.

Треба да знаете
Последни објави