Search

Некогашен бундеслигаш можно засилување на Јуниор КВ?

Екипата Јуниор КВ конечно ќе игра во најсилната македонска лига. Две сезони по ред Јуниор не ја поминуваше последната пречка и му фалеше последниот чекор за влез во суперлигата. Откако стана јасно дека се нови суперлгаши, раководството на тимот работи на новиот ростер.

Јуниор Кисела Вода во новиот предизвик наречен Суперлига не сака да биде аутсајдер и затоа веќе го договорија Немања Милутиновиќ, српски двометраш кој игра на левата бековска позиција. Но сепак Милутиновиќ може да не биде единствениот странец бидејќи се преговара со десниот бек Александар Станојевиќ.

35- годишниот Станојевиќ добро ги знае приликите во македонскиот ракомет бидејќи беше дел од Металург и Пелистер. Десниот бек исто така ги носеше дресовите на  Партизан, Балинген, Гумерсбах и Вецлар во Бундес лига, Горење, ПСЖ а последната полусезона ја одигра во Нови Пазар

Треба да знаете
Последни објави