Search

Неизвесен натпреварот на младите фудбалери со Фарските Острови

Квалификацискиот натпревар за Европското првенство на селекциите до 21 година меѓу Фарските Острови и Македонија е неизвесен поради лошиот терен, велат од ФФМ.

Утре во 10:00 часот, судиите и делегатот ќе извршат инспекција на теренот и на официјалниот состанок ќе информираат дали ќе се игра натпреварот Фарски Острови – Македонија или ќе биде одложен. Репрезентацијата попладне имаше тренинг, траеше околу 40 минути на мал дел од теренот што не беше многу замрзнат. Во продолжение фотографии од теренот направени на попладневниот тренинг.

 

Треба да знаете
Последни објави