Search

Неизвесен настапот на Ѓоковиќ на Австралија опен !?

Светскиот тениски рекет број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ  можеби нема да биде во можност да настапи на Австралија опен и да го брани трофејот на почетокот од идната година, откако властите забранија влез на странци во земјата до 2022 година. Српскиот тенисер на првиот од четирите сезонски гренд-слем тениски турнири кој се игра во Мелбурн има освоено осум трофеи.

Забраната важи и за оние кои сакаат да ја напуштат Австралија, што значи дека е забранет и влез и излез од државата поради пандемијата предизвикана од коронавирусот. На целиот континент ситуацијата драстично се влоши и бројката на новозаболени забележа екстремен скок. Воведен е и полициски час и многу други рестрикции.

Сите овие мерки значат дека одржувањето на Австралија опен од 18 до 31 јануари идната година е малку веројатно. Тешко дека тенискиот гренд слем би се играл само со домашни играчи, но можеби ќе бидат воведени олеснителни околности за тенисерите од целиот свет.

Ју-Ес опен и Ролан Гарос минаа во релативно добра организација со многу мал број на заразени со Ковид-19. Ако организаторите на Австралија опен ги ископираат протоколите можеби ќе се игра тенис во Мелбурн, но последниот збор го имаат властите во државата.

Треба да знаете
Последни објави