Search

Независните, Алијанса и Беса го демантираат Заев дека ја снимиле „бомбата“

Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ го демантираат лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека „бомбата“ која вчера ја објави Антонијо Молошоски е снимана од некој од нив и дадена на поранешниот пратеник, „Плусинфо“.

Дека снимале и дека некој од нив е укажувачот демантираат и од Беса, додека Алијансата за Албанците на Зијадин Села, пак, воопшто не сака да биде инволвирана во „бомбите“ кои преку укажувачи ги пушта Милошоски во јавноста.

Заев вчера потврди дека снимката е автентична и кажа дека најверојатно станува збор за некоја од средбите на која тој разговарал со независната пратеничка група или со партиите на Албанците за законот за јавното обвинителство.

-Не станува збор за средба на која биле пратеници од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Не е точно дека некој од нас го снимал разговорот и го дал на Милошоски- изјави Нола Исмајлоска Старова за Плусинфо.

Треба да знаете
Последни објави