Search

Независниот синдикат на полицијата апелира да се донира заштитна опрема за полициските службеници

Независниот синдикат на полицијата денеска апелираше до сите организации и институции доколку имаат можност, да донираат заштитна опрема и средства за дезинфекција за полициските службеници со цел тие да се заштитат при извршување на работните задачи во справувањето со коронавирусот.

– Во текот на викендот во рамки на нашите можности дониравме одредени средства по полициските станици низ Скопје, но тоа е недоволно во однос на она што е реална потреба на вработените, изјави претседателот на Синдикатот Гоце Делчев Тодев.

Синдикатот предлага и полициските приправници кои се со петмесечен стаж, а завршиле курс во Идризово да се стават во служба на полицијата како дополнување на човечките ресурси.

– Сакам да кажам дека 532 приправници кои во моментот се со петмесечен приправнички стаж, а имаат завршено курс за полицајци во Идризово, можат со одлука на Влада уште утре да бидат ставени на располагање како овластени службени лица во полицијата што ќе значи многу за вработените во полицијата и за сите оние кои ги извршуваат своите задачи во овие отежнати околности, рече Тодев.

Треба да знаете
Последни објави