Search

Независната пратеничка група бара лекари во понеделник да ги тестираат пратениците за дрога

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ најави дека денеска ќе поднесе иницијатива до Собранието, сите пратеници доброволно да направат тест за употреба на наркотични средства.

„Бараме Собранието во понеделник, да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе“, велат од Независната пратеничка група.

Воедно, предлагаат и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, аднинистративни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници, да се приклучат за да им дадат  добар пример на граѓаните во борбата против (зло)употребата на наркотични средства.

„Ги поттикнуваме сите вршители на јавни функции да го направат истото доброволно. Нашето мото е: Конкретни предлози и чекори за позадоволни граѓани“, велат од Независната пратеничка група.

Треба да знаете
Последни објави