Search

Неексплодирана бомба од Втората светска војна откриена на аеродром во Берлин

Неексплодирана бомба од Втората светска војна е пронајдена на берлинскиот аеродром „Шенефелд“. Експлозивната направа утринава успешно е деактивирана.

„За време на операцијата во раните утрински часови, немаше никакви компликации“, соопштиле од полицијата.

Сообраќајот на аеродромот вчера беше во прекин околу еден час. Бомбата била откриена околу 12:20 часот, за време на градежни активности во близина на пистата.

Треба да знаете
Последни објави