Search

Недвед: ЛШ е цел пред Јуве, но не сме опседнати со неа

Претстојната сезона нема да биде преодна за Јувентус заради новиот тренер и новите играчи, а тимот ќе се обиде повторно да освои сè, увери потпретседателот Павел Недвед. Сепак, тифозите сакаат триумф во Лигата на шампионите – трофеј кој упорно му „бега” на тимот вопоследниве 23 години.

„ЛШ е цел, но не сме опседнати со оваа тема. Истото важи и за титулата во Серија „А” и Купот на Италија. Сепак, мислам дека имаме една од најдобрите екипи во Европа и затоа ќе сакаме да победуваме насекаде, без да се фокусираме на одреден турнир, прокоментира Чехот.

Утре, „бјанконерите” го отвораат првенството со гостувањето кај Парма од 18 часот.

– Многу се сменивме, но ова нема да биде година на транзиција. Има многу конкуренција за секој пост. Меѓутоа, ако се појави можност на пазарот, ќе се обидеме да ја искористиме. Но претпочитам прозорецот да биде затворен во овој период, додаде Недвед.

Шефот зборуваше и за Пауло Дибала и Гонзало Игуаин.

– Дијабала никогаш не може да биде проблем за нас. Тој е исклучителен фудбалер и ние сме среќни што го имаме. Тренерот го користи како лажна „деветка” и тој се справува добро. Игуаин, од друга страна, е еден од двајцата или тројца најкласа напаѓачи во светот. Плус, Гонзало направи многу добри подготовки, вели тој.

Треба да знаете
Последни објави